Merve Aydoğan
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес ги потврди активните напори на Турција против терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешниот настан, 150-годишнината на Конгресот на Врховниот суд и на церемонијата за нова зграда на Врховниот суд, каде присуствуваа странски судски претставници, вклучувајќи и претставници од Македонија, Косово, Русија и Саудиска Арабија свое обраќање имаше претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Бројот на терористите, неутрализирани во Африн за време на операцијата „Маслинова гранка“ сега изнесува 2 878“, рече Ердоган.
„Кога ќе размислиме за обемот и континуитетот на тековните напади со кои се соочуваме? Дали има друга земја, освен Турција, која има воспоставено рамнотежа меѓу демократијата и безбедноста?“, запраша турскиот претседател.
Осврнувајќи се на неуспешниот обид за државен удар, кој се случи на 15 јули 2016 година, Ердоган рече: „Ние сме земја, која не направи компромис за правдата, дури и за време на спречувањето на обидот за државен удар“.
Тој додаде дека сите судења, поврзани со неуспешниот обид за државен удар, како и другите терористички случаи, се спроведуваат во рамките на владеењето на правото во Турција.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2 200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.