Diyar Güldoğan
02 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
БИШКЕК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека Турција е одлучна да ги зајакнува билатералните односи со Киргистан и да ги спаси од сенката на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Ердоган престојува во официјална посета на Киргистан, а денес му беше врачена и титулата „Почесен доктор на науки“ на Универзитетот „Манас“ во Бишкек.
Станува збор за турско-киргистански универзитет, а титулата „Почесен доктор“ на свеченоста му е врачена и на претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков.
„Турција вложува големи напори во интензивирање на политичките, економските, трговските и културните односи со братскиот и пријателски Киргистан. Со спасување на тие односи од сенката на терористичката организација ФЕТО, дополнително ќе ја зајакнеме нашата соработка“, порача Ердоган.
Во своето обраќање пред присутните, Ердоган предупреди на заканата од терористичката организација ФЕТО, која ја нарече подмолна и тајна творба.
„ФЕТО е предавничка теористичка организација, а Киргистанците се наши браќа. Тие терористи, не дај Боже, утре би можеле и овде да го повторат 15 јули и обидот за воен удар кој го изведоа во Турција. Тие се подли и подмолни, и со најдобра намера ги предупредуваме на тоа нашите браќа и пријатели“, рече турскиот претседател Ердоган.
Ердоган положи и камен-темелник за изградба на медицински факултат при Универзитетот „Манас“.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, водеа долготрајна кампања за рушење на државата со инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството. Оваа терористичка организација на 15 јули 2016 година се обиде да изведе воен удар во Турција во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.