Ali Rıza Akkır
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - АЛИ РИЗА АККИР -
Во местото Каш, едно од омилените туристички дестинации во областа Анталија, Турција, се наоѓа светски познатата плажа „Капуташ“, која со својата уникатна тиркизна боја на водата, секојдневно е домаќин на стотици домашни и странски туристи, пишува Anadolu Agency (AA).
До оваа прекрасна плажа во подрачјето на Каш се стигнува по скалилата што се наоѓаат покрај патот.
Плажата „Капуташ“, со својата несекојдневна боја на водата, која од светлозелена се прелива кон сина, блеска со својата недопрена природа и се посочува како една од најубавите плажи во светот.

Патниците на патот Фетије - Каш, кои минуваат покрај плажата „Капуташ“, не можат да го заобиколат нејзиното фотографирање.
Градоначалникот на Каш, Халил Коџаер, за АА изјави дека од 15 јули, туризмот во Каш напредува кон посакуваното ниво.
Истакнувајќи дека летово туризмот во областа Каш го достигнал својот врв, рече: „Капуташ, која е една од најубавите плажи на Средоземното Море, стана место на кое доаѓаат голем број туристи. Оваа плажа која е светски позната, секоја година сѐ повеќе го привлекува интересот на странските и домашните туристи.“
- „Плажата има несекојдневна природна убавина“ -
Зборувајќи дека како општина се трудат колку што е можно подобро да им ги понудат своите услуги на туристите, градоначалникот Коџаер изјави:
„Плажата „Капуташ“ во лето и во зима не останува само со една боја. Водата на морето има пет нијанси на водата, како виножито. Песокта што се наоѓа на неа, и сѐ наоколу е природно. На плажата не постои ниту едно зрно песок кое е дополнително донесено. Таа има несекојдневна природна убавина. Плажата „Капуташ“ уште повеќе се истакнува, благодарение на карпестата околина и нејзиниот поглед кон Медитеранот. Особена убавина на плажата ѝ даваат дивокозите кои можат да се забележат во горниот, карпест дел.“

Градоначалникот Коџаер истакна дека плажата „Капуташ“ е една од плажите кои се користат за промоција на летниот туризам во Турција.
Туристите со кои новинарот на АА имаше можност да поразговара, го изразија своето воодушевување од плажата „Капуташ“, која маѓепсува со својата убавина, додавајќи дека претходно не виделе толку чисто море.
Ѓокан Јилдирим од Истанбул истакна дека плажата „Капуташ“ е едно од местата во Турција кои задолжително треба да се посетат.
Туристите беа воодушевени од глетката што ја пружа плажата, посочувајќи на уникатната убавина што таа ја нуди, особено од нијансите на сината боја на морето.