Şerife Çetin
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати апел до сите страни во Аракан да се намалат тензиите, да се почитуваат меѓународните човекови права, и да не се врши насилство врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Членот на Европската комисија одговорен за хуманитарна помош и управување со кризи, Христос Стилијанидис, во писмено соопштение истакна дека од кризата се погодени околу 350.000 лица во Аракан, Мјанмар, и оти треба да се испрати хуманитарна помош во регионот.
Тој нагласи дека треба да се дозволи хуманитарните работници да си ја вршат својата задача со цел да се спречи влошувањето на состојбата во регионот, посочувајќи дека ЕУ вложува големи напори за испраќање хуманитарна помош во Аракан, и пренесе дека таа води преговори со сите страни во врска со ова прашање.
Стилијанидис истакна дека ЕУ го поздравила прифаќањето на араканските цивили од страна на Бангладеш, и додаде дека Владата на Бангладеш треба да ги заштити бегалците од Аракан сѐ додека не се подобри состојбата во Аракан.
- „Сите страни треба да ги намалат тензиите“ -
„Ги повикувам сите страни да се намалат тензиите, да се почитуваат меѓународните човекови права, и да не се врши насилство врз цивилите. На голем број цивили од Аракан им е нанесена сериозна штета и бегаат во Бангладеш за да не бидат изложени на насилство. Овие лица не треба да бидат депортирани, не треба да бидат вратени во Аракан“, пренесе Стилијанидис.
Од друга страна, Кетрин Реј, портпаролка на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во дневниот брифинг за медиумите во Европската комисија не одговори на прашањето од новинарот на АА: „Дали ЕУ ја оценува состојбата во Аракан како етничко чистење?“ но истакна дека ЕУ продолжува со преговорите со цел да биде испратена хуманитарна помош во регионот.
Во врска со прашањето ако се земе предвид дека според податоците на ОН над 120.000 Араканци пребегнале од Мјанмар во Бангладеш, поради притисокот и насилството на војската, зошто во изјавата на ЕУ не е наведен изразот „диспропорционална моќ“, Рај одговори: „Нашата изјава е мошне јасна. Состојбата е сериозна и ЕУ состојбата ја смета за сериозна, затоа дадовме една моќна изјава“.