Zeynep Hilal Karyağdı
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ДОХА (АА) - Емирот на Катар, шеикот Тeмим бин Хамад aл-Тани, го отвори меѓународното пристаниште Хамад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за транспорт и комуникации на Катар соопшти дека емирот Тeмим денес го отворил најголемото пристаниште во земјата, меѓународното пристаниште Хамад.
Катарската новинска агенција „QNA“ (КНА) јавува дека пристаништето, и покрај тоа што немаше отварање, во функција е скоро два месеца. Во пристаништето, кое придонесува во отстранувањето на последиците од кризата помеѓу Катар и одредени арапски земји, минатиот месец беа истоварени 49.000 контејнери.
Хамад се протега на површина од 28,5 километри квадратни, а планирано е да има годишен капацитет од 7,5 милиони контејнери. Во периодот 2020-2021 година планирано е зголемување на капацитетот.