Şerife Çetin
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска во Брисел се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер по состанокот разговараше со новинарите за темите од разговорот со бугарскиот премиер.
Тој, исто така се осврна на односите на Брисел со Анкара, истакнувајќи дека Европската Унија (ЕУ) сака да има добри односи со Турција.
„Со Турција сакаме да имаме најдобри можни односи“, рече Јункер истакнувајќи дека тоа сепак сега не е можно бидејќи во овој момент, како што рече, Турција се оддалечила од Европа.
„Сакаме Турција повторно да биде насочена кон Европа“, рече Јункер.
На крајот тој истакна дека ЕУ ќе го оддржи даденото ветување во врска со помошта за бегалците кои живеат во Турција.
„Како дел од програмата за бегалците, на Турција ѝ испративме 3 милијарди евра, а следните години ќе им испратиме уште 3 милијарди. ЕУ ќе го исполни ова ветување“, рече претседателот на Европската комисија.