Emre Gürkan Abay
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Викторович, рече дека сириската криза ќе биде главната тема на состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи следната недела, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се очекува дека на состанокот ќе се разговара и за подготовките за Конгресот за национален дијалог на Сирија“, изјави Ушаков пред новинарите во Москва.
Тој додаде дека за време на состанокот ќе се разговара и за односите меѓу Турција и Русија.
„Сепак, главната тема на разговорите ќе бидат прашањата поврзани со решавањето на кризата во Сирија“, рече советникот за надворешна политика на Кремљ.
Путин и Ердоган треба да се состанат на 13 ноември во Сочи.