СКОПЈЕ (АА) - Подобрувањето и развивањето на капацитетите на локално ниво е од суштинско значење за правовремено и квалитетно менаџирање на предизвиците со бегалската криза и миграциите. Ова е заклучокот на учесниците на воведната панел дискусија од меѓународниот семинар „Соработка и добро раководење на бегалската криза во Западен Балкан и Централно-европските земји" кој се реалицира во рамките на проектот "WELCOMING-Поттикнување на соработката за раководење со миграции на европско ниво", во организација на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) и АЛДА (Европска асоцијација за локална демократија), јавува Anadolu Agency (AA).
Уго Поли од ЦЕИ во своето излагање ја исткна потребата од обновување на поголемиот степен на меѓународната, транснационална соработка, како и понатаму да се работи на планирана инкузија и да се спроведат цврсти политики за интеграција во рамките на Европа.Исто така, нагласи тој, сето ова треба да се направи без шокантни моменти во самите општества и без поголем политички немир.
„Целта на оваа конференција од страна на АЛДА и ЦЕИ во рамките на една поголема кампања е интеграцијата и политики за интеграција на мигрантите. АЛДА како локална мрежа на локалните самоуправи и ја нагласува важната улога на локалните власти во нивното управување и територијално менаџирање и димензијата со бегалците, барателите на азил, економски мигранти со цел да се вклучат мигрантите во нашите средини", изјави Поли.
Министерката за локална самоуправа на Република Македонија говорејќи за предизвиците во однос на справувањето со миграциите посочи дека денешниот настан е можност сите засегнати страни да се пронајдат во оваа глобална приказна која преку медиумската слика и збор ја алармира европската и светската јавност. Таа истакна дека Република Македонија не е исклучок, туку е географски важна дестинација на патот на мигрантите од источните земји кон посакуваните дестинации во Европа. Елези потсети на меѓународната помош која ја доби Македонија за справување со бегалската и мигрантската криза, посебно помошта на UNDP за решавање на акутните проблеми на локално ниво, наведувајќи дека во периодот на соочување со кризата под силен притисок беше Гевгелија и нејзините граѓани.
„Праксата покажа колку е важна помошта од граѓанскиот сектор којшто е искулучително мобилен, флексибилен и организиран кој може брзо да реагира во аларманти ситуации" , изјави министерката Елези, наведувајќи дека во најтешкиот период со соочување со бегалската криза на дневна основа низ Македонија поминуваа од 4-10 илјади бегалци меѓу кои деца и жени.
Осврнувајќи се на состојбата со миграциите во Република Македонија, министерката Елези додаде дека според Државниот завод за статистика на Република Македонија во период од 2010-2014 година, од земјата годишно се иселуваат во просек околу 1000 граѓани со блага тенденција на намалување во 2014 година, кога се иселиле околу 750 лица. Најголемиот број од нив се иселиле во САД, Швајцарија, Австралија и Германија.
Јон Ивановски од Министерството за надворешни работи на Република Македонија во своето излагање истакна дека Република Македонија заедно со земјите од ЦЕИ успеа да го препознае рано предизвикот на бегалската криза, како резултат на фокусот од можните закани од мигрантскиот бран, при тоа наведувајќи дека еден од најважните документи донесен на ниво на Западен Балкан беше заедничката изјава на министрите на шесте земји од Западен Балкан во која се укажува на потребата за соработка со соочување со овој феномен за справување со можните закани.
Свои излагања во воведиот дел од дводневниот меѓународен семинар имаа и Себастијан Ботро Бонтер од Француската амбасада во Скопје и Антонела Валморбида, генерален секретар на АЛДА, кои се осврнаа на различните аспекти на миграциите за кои потенцираа дека се глобален феномен кој бара глобален пристап.
Во рамките на дводневниот меѓународен семинар за мигранциите 70 учесници од 11 разлчни европски земји ќе дискутираат околу ефикасното раководење со миграциите на локално ниво, локални политики за миграции, имиграциите како можност за локален развој, улогата на граѓаните во поттикнување на иклузивно општество и меѓународен дијалог, како и други теми.
news_share_descriptionsubscription_contact


