Ekipa
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Мухарем Инџе, кандидатот за претседател на Републиканската народна партија (CHP) на турските претседателски избори, ги прифати резултатите од изборите одржани вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
„За нас се вистински резултатите од изборите запишани во овие записници. Нема разлика меѓу записниците што ги доставија нашите членови и информациите што ги достави Врховната изборна комисија“, рече Инџе за време на говорот во седиштето на партијата во Анкара.
Од актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој победи на изборите, побара да биде претседател на сите Турци.
„Да бев избран, и јас така би направил“, рече Инџе.
Тој ги отфрли обвинувањата за безбедносни закани, кои наводно му биле упатени синоќа.