Felix Nkambeh Tih
04 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
АНКАРА
Болницата за обука и истражува Сомалија-Турција со седиште во Могадишу денес објави дека се родила петорка, еден од најретките случаи во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мајка роди 5 бебиња во нашата болница, што е едно од најретките породувања во светот“, напишаа од болницата на Твитер.
Во објавата се вели дека мајката и нејзините пет бебиња биле здрави благодарение на професионалните здравствени работници во болницата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја инаугурираше болницата за обука и истражување Сомалија-Турција во Могадишу во 2015 година.