Haydar Hadi
06 Март 2016•Ажурирај: 06 Март 2016
АЛ ХИЛАХ (АА) - Во самоубиствен напад на контролен пункт во градот Ал-Хилах, најмалку 34 лица загинаа, а 39 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од страна на безбедносните сили во градот, самоубиствениот напад е изведен врз контролен пункт на влезот во градот. Автомобил-бомба експлодира додека е вршена рутинска безбедносна контрола. Според првичните информации, во експлозијата загинаа најмалку 34 лица, а 39 се повредени.
Убиените и повредените лица со амбулантни возила се испратени во најблиската болница. Изворите велат дека стравуваат од зголемување на бројот на жртви.
Овој пункт и претходно бил мета на самоубиствени напади.