Barış Seçkin
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
РИМ (АА) - Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџело Алфано соопшти дека поради закана за националната безбедност на Италија, од земјата се депортирани пет македонски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата која италијанскиот министер ја даде вчера, се вели дека едно петчлено семејство, по потекло од Македонија, кое живеело во градот Горица на североистокот од земјата, било депортирано од Италија поради вршење пропаганда на терористичката организација ДАЕШ преку социјална мрежа по последните терористички напади во Европа.
Министерот Алфано соопшти дека било забележано дека 28 годишниот член на семејството, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук поставил повеќе видео материјали во кои ги фали џихадистите и радикалите. По долга и прецизна истрага истрага, одлучено е да се депортира семејството.
Министерот за внатрешни работи соопшти дека заедно со 28 годишното лице, од Италија се депортирани уште две машки лица на возраст од 28 и 31 година и неговиот 53 годишен татко кој живеел со 32 годишна жена.
Министерот Анџело Алфано, истакнувајќи дека Италија е земја од Европа која се среќава со ризиците од тероризам, соопшти дека депортираните лица се фанатични следбеници на ДАЕШ, кои им даваат поддршка на терористичките напади на организацијата во Европа и нивните активности во Сирија.
Министерот Алфано, изјави дека со депортирањето на овие пет македонски државјани од страна на полициските сили на Трст и Горица, од јануари 2015 година досега од Италија се депортирани 121 радикал, од кои 55-мина се депортирани само оваа година.