Ekipa
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, изјави дека Турција и понатаму ќе биде присутна на терен и на преговарачка маса, користејќи ги сите расположливи политички и дипломатски средства, јавува Anadolu Agency (AA).
„Борбата против тероризмот и терористичките групи чија цел им е Турција ќе продолжи на сите полиња“, истакна Калин во Анкара по состанокот на Кабинетот.
Тој додаде дека предложената безбедносна зона во северниот дел на Сирија, долж границата со Турција, ќе биде под контрола на Анкара.
Нагласи дека целта на Турција во сириски Идлиб е да обезбеди сигурност на животите и имотот на луѓето што живеат во тоа подрачје.
На прашањето за договорот на Турција за купувањето на рускиот ракетен систем С-400, изјави дека тоа нема никаква врска со договорот за американскиот ракетен систем Патриот.
Калин додаде дека американската делегација во Турција минатата недела поднела документ од пет точки и правно необврзувачки документ за повлекувањето на своите трупи од Сирија.
На крајот тој соопшти дека турскиот претседател Ердоган на 23 јануари ќе престојува во еднодневна посета на Москва на разговори за билатералните односи и за сириската криза.