Dzihat Aliju
04 Јуни 2016•Ажурирано: 04 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот Вицепремиер, Нуман Куртулмуш, кој по повод свечената церемонија на доделување дипломи на Меѓународниот Балкански Универзитет вчера беше во посета на Скопје, утринава замина за Сараево, јавува Anadolu Agency (АА).
Турскиот вицепремиер Куртулмуш на аеродромот "Александар Велики" беше придружуван од амбасадорот на Турција во Скопје, Омур Шолендил, министерот без ресор Фуркан Чако и ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет проф. д-р. Исмаил Коџајусуфоглу.
Вицепремиерот Куртулмуш ќе учествува на свечената церемонија на доделување дипломи на Меѓународниот Универзитетот во Сараево, која ќе се одржи денес.