Bahattin Gönültaş
31 Август 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека инвестициите на европските земји во Африка ќе предизвикаат зголемување на вработеноста во земјите на овој континент, со што ќе се намали притисокот за мигрирање во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сè уште е во тек посетата на Меркел на западноафриканските земји Сенегал, Гана и Нигерија, која започна на 29 август.
Според вестите на германските медиуми за нејзината тридневна посета, Меркел со сенегалските власти разговарала за инвестициите на Германија, како и за проблемот со миграцијата од Африка во Европа.
„Инвестициите што компаниите ќе ги реализираат во Африка ќе предизвикаат зголемување на вработеноста во земјите на овој континент, со што ќе се намали притисокот за мигрирање во Европа“, рече Меркел.
Меркел за време на својата посета ги разгледа и можностите за инвестирање во Африка на германските компании од областа на инфраструктурата и енергетиката.
Илјада германски компании активно работат во Африка, додека германската Влада има за цел да ги зголеми економските активности на овој континент преку стимулирање, како што е обезбедување специјални кредити, како и да не се зема данок од работењето на германските компании во Африка.