ГЕВГЕЛИЈА-ИДОМЕНИ (АА) – Откако Република Македонија го ограничи преминот на македонската јужна граница применувајќи селективен пристап, со што границата можат да ја поминуваат само државјани од Сирија,Ирак и Афганистан, со што мигрантите кои доаѓаат од земјите во кои не се војува со денови останаа “заглавени“ на македонско-грчкиот граничен премин, јавува Anadolu Agency (AA).
Во меѓувреме, протокот на бегалци продолжува непречено, додека во Грција околу 1500 бегалци се заглавени и продолжуваат да чекаат да им се даде дозвола да ја преминуваат границата. Поради долго време чекање на грчката граница тие предизвикуваат инциденти.
Друга пречка која произлегува од ваквата ситуација е мешањето на разните националности.
Тимовите на УНХЦР и Црвениот крст, често се соочуваат со случаји еден член на семејството да има пасош на Ирак, додека другите членови да се со ирански пасош.
Високиот комесар на УНХЦР во македонскиот тим македонскиот тим Барбара Краус семејството на мешани националности за кои често се среќаваат, но со помош на тимот на УНХЦР од двете страни на границата, рече дека тие се обидуваат да ги решат ваквите ситуации.
“Ние сме во тесна соработка со нашите колеги. Во многу случаи, се случува да имаме мешани националности. Се случува, во едно семјество сопругата да е од Иран а мажот од Ирак“, изјави во разговор за АА, Краус, објаснувајќи дека се обидуваат да ги решат ваквите случаи.
Кромус Мандалис од екипата на Црвениот крст од грчката страна на границата вели дека состојбата во последните неколку дена во прифатниот камп за бегалците во Идомени е променета откако Македонија и другите земји кон Европа, почнаа да ги применуваат мерките на селективен пристап кон мигрантите.
“ Порано илјадници луѓе чекаа овде, но за неколку часа ја минуваа границата со Македонија. Но сега, после последните промени состојбата е променета. Имаме и случаи кога еден член од семејството има пасош од Ирак, а другиот од Иран“ вели Мандалис, говорејќи дека состојбата поради новонастанатите околности е отежната и мигрантите остануваат заглавени.
Мандалис, додаде дека дека секој ден состојбата станува полоша и дека напнатоста од време на време се зголемува поради тоа што т.н. економските мигранти остануваат заглавени.
Д-р Магдалена Јакимовска од мобилниот тим на Црвениот крст на РМ во изјава за АА, рече дека во последните 24 часа состојбата е мирна, освен случајот кога дојде до судир помеѓу заглавените мигранти и македонската полиција кога беа повредени 18 македонски полицајци.
'' Бројот на бегалци , во споредба со другите денови не е зголемен многу, дојдоа околу 1.500 бегалци. Ние не знаеме дали ќе дојде некоја нова бегалска група. Тие не чекаат долго време за да поминуваат низ кампот, тие што имаат документи и што им е дозволено да ја преминуваат границата, продолжуваат да патуваат со возовите" рече Јакимовкса и истакна дека имаат соработка со грчките колеги.
" Постојано сме во контакт и имаме редовни состаноци. Постои случај да е потребна итна интервенција, тие не известуваат, ние одидме до таму и ги донесуваме до кампот лицата '', рече Јакимовска.
news_share_descriptionsubscription_contact
