Bekim Laci
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА)- Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП го заокружија проектот со кој во 2015 година се основаа бизнис центрите во осумте плански региони во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што потенцираше министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, овие центри ќе располагаат со водич за инвеститори во плансикот регион, Збирка на индустриски зони, електронски регистри на мали и средни претпијатија како и веб платформа, на која ќе бидат достапни информациите за поренцијалните инвеститори.
"Она што сега го работи Министерството за локална самоуправа, со поддршка на УНДП е подготовка на Регистри на потенцијалите за рурален туризам, засега во четири плански региони со целосна поддршка на Бизнис центрите", изјави Шабани.
Министерот Шабани исто така, информираше дека во соработка со Центрите, годинава Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, со два милиони и 160 илјади евра финансираа 107 проекти за регионален развој, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон рече дека од април оваа година, кога ги основале овие бизнис центри организирани се 28 различни настани преку кои повеќе од илјада бизнисмени се добија информации за потенцијалите за инвестирање и условите кои ги нудат за нив на локално ниво.
"Овие бизнис центри кои беа идејата на министерството и кои ги поддржавме, всушност треба да бидат од помош за инвеститорите во поглед на исполнувањето на крајната цел, а тоа е да се обезбеди благосостојба на локално ниво" вели Луиза Винтон.
Во однос на прекуграничната соработка, Министерството за локална самоуправа оваа година, објави јавен повик за проекти со Бугарија и Грција.Барателот ќе има на располагање 20 милиони евра за секоја програма. Овие алатки се предвидени од страна на ЕУ преку ИПА програмата , додека 15 отсто беа обезбедени од страна на Владата на Република Македонија.