Zehra Ulucak
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека е можно наредниот месец или во февруари да се состане со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател одговараше на новинарски прашања во авионот додека се враќаше во Вашингтон од Самитот на лидерите на Г20 во Аргентина, и притоа истакна дека е можно да се реализира втор самит со севернокорејскиот лидер.
Во врска со прашањето дали ќе има друга средба со Ким, Трамп истакна дека планира да реализира средба во јануари или во февруари наредната година.
На новинарското прашање околу тоа каде ќе се одржи самитот со Ким, Трамп одговори дека се работи за три локации, но според него, тоа сѐ уште не е одредено.
Во врска со новинарското прашање дали ќе го покани севернокорејскиот лидер во САД, тој рече: „Во одреден момент, да.“
Од друга страна, од Кабинетот на јужнокорејскиот претседател изразија задоволство од овие изјави на Трамп.