Elvir Hociç
26 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку 8.000 демонстранти се собраа денес на собир, којшто во центарот на Москва го организираше опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за собир чие одржување не е одобрено од страна на надлежните руски власти, поради што на терен се иапратени бројни полициски тимови.
Руската агенција ТАСС јавува дека на митингот на улицата Тверскаја се собрале меѓу седум и осум илјади луѓе, и дека засега нема официјални информации за приведување на демонстранти.
Неименувани полициски извори за руските медиуми соопштија дека полицијата привела најмалку 100 демонстранти.
Истите извори јавуваат дека меѓу приведените е и лидерот на опозицијата Алексеј Навални.