Ali H. M.Abo Rezeg
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
НИНЕВИЈА (АА) - Најмалку 16 цивили загинаа, а 43 се повредени во ракетен напад изведен од страна на терористите на ДЕАШ врз пазарот во неодамна ослободениот источен дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите со две ракети од типот „Катјуша“, утринава го погодија пазарот во источниот град Мосул, изјави за АА бригадниот на ирачката армија Јунис Али Наџар.
Меѓу ранетите има повеќе животно загрозени лица, а во нападот се целосно уништени најмалку 11 продавници во пазарот.
Паралелно со напорите на тимот на Цивилната заштита за извлекување на жртвите, пожарникарите прават обиди да изгаснат повеќе пожари кои избувнаа по нападот.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул.
По тримесечна операција, здружените ирачки сили поддржани од страна на меѓународната коалиција, во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19. февруари започна операцијата за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.