Ivana Ramadanova
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - На граничниот премин Богородица во приколка на товарно возило со српска регистрација пронајдени се 97 мигранти со непозната националност и без документи за идентификација, јавува Anadolu Agency (AA).
Возилото, како што денеска соопшти Царинската управа, било натоварено со фолија за пакување кафе од грчки извозник, наменета за увозник од Србија.
Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно натамошно постапување.