Aldıjana Hadzıc
03 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани што се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1789 - Џорџ Вашингтон го прогласи првиот Ден на благодарноста, а Абрахам Линколн на 3 октомври 1863 година го прогласил за државен празник.
1803 - Роден е Џон Гори, пронаоѓачот на фрижидерот и клима уредот. Тој почина на 29 јуни 1855.
1929 - Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија.
1969 - Родена е пејачката Гвен Стефани. Стефани го сними својот прв соло-албум „Љубов. Ангел. Музика. Бебе.“ во 2004 година.
1974 - Започна судењето за аферата „Вотергејт“. „Вотергејт“ е името на еден од најголемите политички скандали во историјата на САД. Аферата доведе до оставка на претседателот Ричард Никсон откако е откриена неговата вмешаност во обид да прикрие скандали.
1981 - Роден е фудбалерот Златан Ибрахимовиќ. Фудбал започна да игра уште како момче, а играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Манчестер јунајтед.
1990 - По падот на Берлинскиот ѕид, се обедини Германија.
1995 - На денешен ден пред 21 година беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, на 94-годишна возраст.
2007 - Во несреќа во близина на Јоханесбург, во рудник за злато беа затрупани околу 3.200 рудари на длабочина од околу 2.200 метри.