Mustafa Yıldırım
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Судот во Измир одреди притвор за пет лица кои се приведени во рамките на истрагата за атентатот на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов, кој е убиен на 19 декември во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на Обвинителството во Измир претходно се приведени пет лица за кои се сомнева дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Меѓу притворените се наоѓаат и четворица полицајци, и лице кое било претоставено за припадниците на ФЕТО во полициското училиште Русту Унсал во Измир, во кое одел и Мевлут Мерт Алтинташ, убиецот на амбасадорот на Русија.
Приведените пет лица се проследени на судот со обвинение дека се членови на терористичка организација. Со оглед дека постојат јасни докази за членство во терористичка организација, Судот во Измир донесе одлука на петте обвинети лица да им се одреди притвор.
Мевлут Мерт Алтинташ на 19 декември минатата година пукаше во амбасадорот Карлов на отворањето на изложбата во Анкара, по кое подоцна е убиен во размена на оган со полицијата.
Форензичкиот институт во Анкара на 21 декември ја објави аутопсијата на Алтинташ, по која никој од членовите на семејството не го презеде неговото тело.
Полицијата откри дека Алтинташ е поврзан со терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар во Турција, кој се случи минатата година на 15 јули.