Aldıjana Hadzıc
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се случија на ден денешен, издвојуваме:
41 година п.н.е - Убиен римскиот цар Гај Цезар, познат под името Калигула. Овој римски цар е познат и по тоа што коњот го прогласил за римски сенатор, како и по тоа што запалил град.
1848 година - Џејмс Маршал пронајде златна жила во Сутер Мил, во близина на Сакраменто, САД, што значеше почеток на "златната грозница" и населувањето на средниот дел на САД.
1924 година - Неколку години по болшевичката револуција и денот по смртта на Владимир Илич Ленин, Санкт Петерсбург е преименуван во Ленинград.
1943 година - Во Казабланка, во Мароко, се состанаа Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил со цел да ја разработат стратегијата за борба против Хитлер.
1984 година - Во продажба беше пуштен првиот "Apple Macintosh".
1933 година - Роден е Асим Ферхатовиќ Хасе. Првиот натпревар во дресот на фудбалскиот тим Сараево го одигра во 1952 година во натпревар против Загреб. Во првиот тим настапуваше сè до 1967 година. Асим Ферхатовиќ играше за бордо тимот но и два месеци во турскиот "Fenerbahce". Важи за еден од најдобрите фудбалери не само во бордо тимот туку и цела поранешна Југославија.