Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
ИДЛИБ (AA) - Во воздушниот напад на силите лојални на Башар ал-Асад на населено подрачје во Идлиб загинаа пет цивили, додека 15 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Челникот на Цивилната заштита (Бели шлемови) во Идлиб Мустафа Хај Јусуф за АА изјави дека воздушниот напад е изведен на населено подрачје во вечерните саати.
„Во спомнатиот напад загинаа пет, а ранети се 15 цивили", потврди Јусуф.
Асадовите сили денес изведоа воздушни напади на централниот дел на Идлиб како и на квартовите Марет Мисрин и Рам Хамдан.
Од Цивилната заштита порачаа дека воздушните напади уште траат, изразувајќи загриженост за зголемување на бројот на жртвите.