Nilay Kar
26 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Најмалку девет терористи на ПКК се неутрализирани како дел од антитерористичките операции во источна Турција и северен Ирак“, велат официјални претставници денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Министерството за внатрешни работи, шест терористи биле неутрализирани во источните турски области Бинѓол, Агри и Тунџели.
Еден од терористите, идентификуван како Мехмет Ширин, кој е познат под кодното име Појраз Агир, во Турција се наоѓаше на листата на најбарани терористи.
„За време на операциите во подрачјето на Бинѓол, во Карлиова, еден војник исто така загинал, а други двајца биле повредени“, се вели во соопштението на Гувернерството на Бинѓол.
Според турскиот Генералштаб, тројца терористи биле неутрализирани во Авашин-Басјан, северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица.