Ekipa
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
МАЈДУГУРИ (АА) - Десетина лица загинаа во двојна експлозија што рано утринава се случи на еден од најголемите универзитети во нигерискиот град Мајдугури, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата потврди дека експлозиите се случиле во просториите на Универзитетот „Мајдугури“, за време на молитвата на муслиманските верници, и не даде повеќе детали за настанот.
Истовремено, анонимно официјално лице од универзитетот за медиумите изјави дека експлозиите се случиле во џамијата на влезот 5 во комплексот на Универзитетот.
Сѐ уште нема прецизни информации за бројот на загинати и повредени. Исто така, ниедна група не презеде одговорност за двојната експлозија.
Воените извори веруваат дека станува збор за милитантната група Боко Харам, која ги засили своите бомбашки активности во Мајдугури од 2014 година.
Тоа е првпат на Универзитетот „Мајдугури“ да се случи ваков инцидент во 43 годишното постоење на установата.