Tanju Özkaya
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - ТАЊУ ОЗКАЈА - Anadolu Agency (AA) дојде до нови снимки што сведочат како терористите на ФЕТО со хеликоптери превезувале оружје и муниција во часовите откако обидот за воен удар во Турција беше спречен, ноќта на 15 кон 16 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за снимки на надзорните камери на кои јасно се гледа како пучистите до раните утрински часови со хеликоптери во седиштетото на Генералштабот на турската Армија доставуваат голема количина оружје и муниција.
На снимките, исто така, се гледа како пучистите во првите часови од обидот за пуч го окупираат Генералштабот и распоредуваат тенкови и тешка артилерија.
Исто така се гледа дека во раните утрински часови на 16 јули, во моментите кога обидот за пуч е веќе спречен, пучистите со хеликоптер носат додатен контигент оружје за потребите на пучистите во комплексот.
Снимките се вклучени и во доказниот материјал во судскиот процес што го води 17. Кривичен суд во Анкара. Се работи за процес поврзан со окупацијата на Генералштабот за време на пучот.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во 1980-те значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции, и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
За време на обидот за воен удар во Турција се убиени најмалку 251 лице, а беа повредени 2.200 лица. Турските надлежни институции водат опсежна истрага во судските постапки против оваа терористичка организација.