Betül Yürük
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
ЊУЈОРК (AA) – Министерката за семејство и социјална политика на Република Турција, Фатма Бетул Сајан Каја, од седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, одговори на писмото, кое дете-бегалец од Сирија го упати до Меѓународната заедница, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставнички на Фондацијата за култура и образование со седиште во Истанбул, присуствуваа на 62. седница на Комисијата за статусот на жените во ОН, и во таа пригода, ја пренесоа пораката на сириските деца, кои престојуваат во Истанбул.
Пораките од сириските деца, испишани на хартија, им се поделени на учесниците на состанокот на Комисијата за статусот на жената, со тоа што една страна од хартијата е оставена празна.
Министерката Каја, која, исто така, присуствуваше на состанокот, по неговото завршување, најпрвин го прочита писмото на сириското дете Интизар, во кое пишува:
„Се разбудивме едно утро и започна војна. Ги загубивме нашите домови. Немавме вода, струја, ниту едно дете не одеше на училиште. Дали вие би сакале да живеете во еден таков свет?“
Министерката Каја упати одговор:
„Секако дека не сакаме ниту едно дете да живее во ваков свет и ја делиме вашата болка. За вас, не ги отворивме само нашите врати, ги отворивме и нашите срца и продолжуваме да вложуваме напори и дипломатски иницијативи за војната во Сирија што поскоро да биде запрена.“
Министерката Каја потсети на операцијата „Маслинова гранка“, која ја спроведува турската војска во регионот Африн, како и на тоа дека нејзината земја има цел жителите на Сирија да живеат таму во мир и безбедност.