Sanja Janackovic
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
НИШ (AA) - На нишкиот аеродром Константин Велики во понеделник, 17 октомври, ќе слета првиот авион на турската компанија „Туркиш Карго" со што ќе биде воспоставена првата редовна линија за транспорт на товар на овој аеродром, јавува Anadolu Agency (AA).
Според редот на летање објавен на официјалниот сајт на нишкиот аеродром, авионот Аирбус од Истанбул ќе слета во 19:20 часот во Ниш, а ќе се врати назад во 21 часот.
Можеме да кажеме дека се работи за редовна авио линија бидејќи овој авион ќе сообраќа секој понеделник", рече соработничката за маркетинг и односи со јавноста на аеродромот Константин Велики Иванка Станисављевиќ.
За овој лет денес јавноста ја извести министерката на градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, за време на посетата на Коридорот 10.
Како што пренесуваат медиумите, таа истакна дека овие авиони имаат капацитет да превезат 1.000 тони товар и дека ќе отворат нови можности за компаниите на југот на Србија.
Инаку, министерката во посета на нишкиот аеродром на 13 октомври најави дека Владата на Србија до 2019 година во него ќе вложи 6,5 милиони евра.
„Туркиш Карго" редовната линија од белградскиот аеродром ја воспостави 2014 година.