Özcan Yıldırım
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од Генералштабот на турската армија соопштија дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ досега се неутрализирани 790 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се потсетува дека операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, северна Сирија, започна на 20 јануари, со цел осигурување безбедност и стабилност на границите и регионот, неутрализирање на терористите, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористите.
Исто така, од Генералштабот се истакнува дека операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија.
Како што се нагласува во соопштението, целта на операцијата во Сирија се само терористите и нивните засолништа, позиции, оружје, возила и опрема, и дека преземени се сите мерки да не бидат загрозени цивилите.
„Во рамките на воздушната операција спроведена од страна на Воздухопловните сили уништени се 18 позиции на терористичките организации ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, користени како засолништа и складишта за муниција, при што убиени се 78 терористи, додека во рамките на операцијата 'Маслинова гранка', досега се неутрализирани 790 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ. Операцијата се одвива според планираното“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.
- Турските сили и Слободната сириска војска го ослободија селото Али Кар во Африн -
Турските вооружени сили (TSK) и Слободната сириска војска денец ослободија уште едно село од тероритите на ПЈД/ПКК, за време на нивната антитерористичка операција во Африн, Сирија.
Со ослободување на селото Али Кар, кое се наоѓа во северниот дел на Булбул, се презеде целосна контрола врз голема зона во северниот дел од Африн, заедно со претходно расчистеното село Шенкал и регионот на Захран.
На 13. ден од операцијата „Маслинова гранка“, од терористичката ПЈД/ПКК во Африн ослободени се 20 села и 27 зони, вклучувајќи седум стратешки планини и ридови.