Metin Tokgöz
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица загинаа во сообраќајна несреќа која утринава се случи во истанбулското подрачје на Ускудар на источниот брег на Босфорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јави дека еден патнички автобус се судрил со друг патнички автобус на самиот влез на автобуската станица во Ускудар.
Возачот на патничкиот автобус изгубил контрола над возилото и удрил во патници кои чекале на станицата.
Најмалку три лица загинаа, а повеќе повредени се пренесени во истанбулските болници.
Во тек е увидот и истрагата за причините за несреќата.