Kübra Chohan
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили (TSK) и Слободната сириска војска открија тунел на терористичката организација ПЈД/ПКК шест метри под објект во ослободеното село во Африн, северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделата, 9. ден од операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија селото Кастел Џиндо, лоцирано јужно од брдото Бурсеја.
Тунелот ископан под двокатен објект е долг 50 метри и бил ископан кон подрачјето на Азаз, во покраината Алепо, велат воени извори под услов на анонимност.

Командантот на Слободната сириска војска за АА изјави дека избиле судири со четворица терористи, откако силите влегле во тунелот при што двајца од терористите биле убиени.
Силите претходно пронајдоа мрежа на тунели четири метри под површината, во истото село, кои терористите ги користеле како засолниште од стрелбите во антитерористичката операција.
Африн е главно засолниште на терористите на ПЈД/ПКК во Сирија, кој од јули 2012 година режимот на Башар ал-Асад им го препушти на терористите без никаков отпор.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.