Adham Kako
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека минатиот месец во судирите и нападите во Сирија животот го загубиле 774 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
СНХР објави извештај во врска со воздушните и копнените напади на руските сили и на Асадовиот режим извршени во јануари во Сирија, во кој се истакнува дека загинале вкупно 774 лица.
Во извештајот се наведува дека во нападите на Асадовиот режим вкупно 408 цивили го загубиле својот живот, од кои 76 се деца, а 54 жени.
Освен тоа, според извештајот, во нападите на руските сили минатиот месец загинале 142 лица, од кои 40 се деца и 33 жени.
Во извештајот се наведува и кршењето на правата во Сирија од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК. Во минатомесечните напади на терористичката организација 13 цивили го загубиле својот живот, од кои 2 деца и 1 жена.
Исто така, се соопштува дека во бомбашките напади на меѓународните коалициски сили против ДАЕШ, 24 цивили ги загубиле своите животи, од кои 6 деца и 8 жени, додека во нападите на ДАЕШ загинале 64 цивили, од кои 17 деца и 9 жени.
Судирите на опозиционите вооружени групи со режимот резултирал со 4 цивилни жртви, од кои 1 дете и 1 жена, а 119 цивили биле убиени од непознати лица, од кои 35 се деца, а 32 жени.
- Повик за прекин на поддршката во оружје за ПЈД/ПКК -
Во извештајот беше побарано да се стави крај на поддршката во оружје за ПЈД/ПКК, повикувајќи ги земјите да прекинат да ја поддржуваат оваа терористичка организација.
Од друга страна, се споменува дека странските групи (шиитските милиции) кои го поддржуваат режимот на Асад мора да бидат внесени на меѓународната листа на терористи и да се бара судско гонење на криминалците.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во годишниот извештај за 2017 година објавен минатиот месец, нагласи дека 10 204 цивили се убиени главно од режимот на Башар ал Асад.