Besar Ademi
31 Август 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Лидерите на четрите најголеми партии во Македонија, по средбата одржана во Клубот на пратениците во Скопје, со цел да се оцени дали се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори во согласност со постигнатиот договор на 20 јули оваа година, се согласија предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември, а Владата што ќе ги организира овие избори да биде избрана на 2 септември, 100 дена пред изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот го потпишаа лидерите на најголемите политички партии, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека како и во минатиот период и сега главната цел на неговата партија беше да се оди на избори и да се надмине политичката криза во државата.
„Минатата година СДСМ ја креираше оваа кирза, којашто се одолговлекуваше колку што можеше. Ние се обидовме многу да не се одложуватизборите, да немат каде да бегаат и да се сочиме со народот. Убеден сум дека народот ќе ги казни овие дела и за се друго што направи СДСМ во минатото", изјави Груевски.
Од друга страна, Заев изјави дека режимот на акуелната власт ќе се запише во историја и дека Македонија ќе оди еден чекор напред. Тој додаде дека имаа цел да на 11 декември граѓаните гласат слободно, затоа што како што рече тој, заврши времето на изборно насилство и фалсификување.
„Ги повикувам сите граѓани за мобилизација за победа на Македонија. На 11 декември нема да одучуваме само за иднината на нашата генерација, туку за многу идни генерации. Избори се референдум и граѓаните ќе одлучуваат дали ќе живеаат во сиромаштија или во богата и демократска држава за сите граѓани", изјави Заев.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека денеска е добар дена за Македонија, затоа што сите парламентарни политички сили постигнаа договор. „Постигнат е договор, се договоривме дека се исполнети сите услови за одржување на слободни и демократски избори", изјави Ахмети.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека главната одговорност за одржување на иборите ќе ја имат партиите кои ќе учествуват во Владата и додаде дека надеж за демократски избори има во меѓународната заедница. Aмериканскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој постојано посредуваше со цел да се надмине кризата, рече дека денешната одлука покажува дека политичките лидери сакаат да ја придвижат земјата напред.
„Јас сум убеден дека изборите на 11 декември ќе бидат важен чекор за решавање на политичката криза во земјата, во наредните месеци ќе се направиме да осигураме дека ќе има кредибилни избори и кои ќе им овозможат на граѓаните без заплашување слободно да гласаат", порача Бејли.
Во преодната Влада ќе учествува и опозицијата, која ќе именува позиции во секторите на министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и дополнителни заменик министри во министерствата за финансии, администрација и информатичко општество и земјоделството.
Исто така, најголемата опозициска партија СДСМ, назначи нов уредник на информативната програма во јавниот медиумски сервис, Македонската радио-телевизија.