Sertaç Bulur
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
АНКАРА (АА) - Терористичката оргаизација ПКК ја презеде одговорноста за нападот во кој во неделата во ценатрот на Анкара се убиени најмалку 37 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано официјално лице на турската полиција за АА потврди дека ПКК презела одговорност за нападот со автомобил-бомба во кој, во квартот Кизилај во центарот на Анкара, загинаа 37 лица од кои двајца терористи, а беа ранети над 120 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде групата ТАК, еден од ограноците на ПКК, кој потврди дека жената којашто го извела нападот била членка на таа група и го носела кодното име "Doga Jiyan". ТАК е огранок на ПКК која презеде одговорност за поголемиот број напади чија мета се цивили, што е случај и со неделниот напад во Анкара.
Во текстот во кој групата ТАК ја презеде одговорноста за нападот, со пофални зборови се говори за Абдула Оџалан, лидерот на терористите од ПКК, и се укажува на сè поважната улога и помасовното учество на жените во активностите на тоа сепаратистичко движење, кое се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.