Kemal Zorlak
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Во главниот град на Турција Анкара, уапсени се две лица под сомневање дека планирале самоубиствен бомбашки напад во новогодишната ноќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Оваа информација беше објавена од страна на Обвинителството во Анкара, кое наведе дека се работи за две лица кои за новогодишната ноќ планирале да извршат напад на централниот плоштад во градот. Да потсетиме дека во турскиот главен град беше изведен терористички напад пред нешто помалку од два месеци.
Двајца бомбаши-самоубијци на 10-ти октомври изведоа терористички напад пред железничката станица во Анкара, каде што неколку илјади луѓе се собраа да учествуваат во најавениот митинг за поддршка на мирот. Во експлозијата загинаа 99 лица, а неколку стотици беа повредени. Тоа е еден од најтрагичните терористички напад во современата турска историја.