Ahmet Gürhan Kartal
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Минатонеделниот пожар во кулата Гренфел бил предизвикан од расипан фрижидер, a полицијата ги разгледува обвиненијата дека се работи за убиство бидејќи изолацијата и фасадата во зградата не ги поминаа безбедносните контроли, се вели во соопштението на Скотланд Јард, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за медиумите, детективскиот надзорник на метрополитенската полиција, Фиона Меккормак, која ја води истрагата во врска со пожарот, вели дека пожарот не бил предизвикан намерно туку причината за избувнувањето бил расипан фрижидер.
Меккормак изјави дека производителите на фрижидерот од брендот „Hotpoint“ биле контактирани.
Таа посочи дека изолацијата поставена во зградата и фасадата на зградата биле подложени на тестови за безбедност, коишто не ги поминале. Таа рече дека на тестовите се покажало дека изолацијата е позапалива од фасадата на зградата.
„Првичните тестови покажаа дека собраните примероци од изолацијата од Гренфел се запалиле кратко по започнувањето на тестот. Тестовите на алуминиумската фасада се покажаа неуспешни“, изјави Меккормак.
Полицијата ќе направи истражување за тоа како била прицврстена и инсталаирана фасадата на зградата.