Hüseyin Burak Demirer
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Извлечени се двојките за осминафиналето во УЕФА Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките од осминафиналето на најзначајното европско натпреварување во фудбал на ниво на клубови.
Противник на последниот шампион, шпанската екипа Реал од Мадрид, ќе биде холандскиот тим Ајакс. Внимание привлекоа и паровите Атлетико Мадрид (Шпанија) - Јувентус (Италија) и Ливерпул (Англија) – Бајерн Минхен (Германија).
Првите средби во Лигата на шампиони ќе се одиграат на 12-13 и 19-20 февруари, а реванш-средбите се на 5-6 и 12-13 март.
Осминафиналните натпревари во Лигата на шампиони се следните:
Шалке 04 (Германија) - Манчестер сити (Англија)
Атлетико Мадрид (Шпанија) - Јувентус (Италија)
Манчестер јунајтед (Англија) - Париз Сен Жермен (Франција)
Тотенхем (Англија) - Борусија Дортмунд (Германија)
Олимпик Лион (Франција) - Барселона (Шпанија)
Рома (Италија) - Порто (Португалија)
Ајакс (Холандија) - Реал Мадрид (Шпанија)
Ливерпул (Англија) - Бајерн Минхен (Германија)