Dejan Maksimoviç
18 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ја активираше опцијата продолжување на договорот со францускиот напаѓач Антони Марсијал до 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
На Марсијал важечкиот договор му истекуваше следното лето, 2019 година, но по одлуката на раководството на „црвените ѓаволи“, договорот му е продолжен за една година. Јунајтед минатиот месец слично направи и со договорот со шпанскиот голман Давид де Хеа, кој, исто така ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2020 година.
Меѓутоа, агентите на Марсијал, освен за важечкиот договор, ги продолжуваат разговорите со Јунајтед за нов, посебен договор. Според зборовите на агентот Филип Ламболи, преговорите не одат според планот.
„Веќе ни испратија понуда која не ги исполнува нашите очекувања, почнувајќи од базата која е далеку од нашите желби. Засега сме далеку од договор“, истакна Ламболи за француските медиуми.
Марсијал во Манчестер Јунајтед пристигна во 2015 година од Монако за 40 милиони евра. Францускиот репрезентативец оттогаш одигра 155 натпревари и постигна 44 гола.