Sarp Özer
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, беше пречекан со ентузијазам од страна на Турците во Соединетите Американски Држави (САД), пред хотелот каде што претстојува, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган по слетувањето во воздухопловната база „Ендрјуз” се упати кон хотелот "St. Regis" каде што отседна. Ердоган беше пречекан со ентузијазам од страна на Турците во САД, кои покрај транспарентите „Човек на народот”, „Ти благодариме што ги заштити Сиријците”, тие вееа и огромно турско знаме.
Тој во влезот на хотелот беше придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган а насобраните го поздравија со слоганите „Tе Сакаме” и „Народот е горд со тебе”.
Во својата изјава за новинарите на влезот од хотелот, Ердоган истакна дека ја започнува посетата на САД. Ердоган потсетувајќи дека ќе учествува на Самитот за нуклеарна безбедност, истакна дека ќе го отвори Центарот за култура и турско-американска цивилизација.
Меѓу другото, турскиот претседател изрази задоволство од големиот интерес.