Betül Yürük
30 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, предупреди на тешката состојба на земјите кои во соседството згрижуваат најголем број бегалци од Сирија и ја повика меѓународната заедница да покаже солидарност и да преземе дел од товарот на кризата, јавува Anadolu Agency (AA).
Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) во Женева организираше конференција на тема одговорностa и товарот на бегалската криза, а на присутните им се обрати и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Истакнувајќи дека светот се соочува со една од најголемите бегалски кризи во модерната историја, секретарот на ОН рече дека итно е потребно да се преземе акција за да се покаже колективна одговорност и солидарност.
Шефот на ОН тврди дека приказните на сириските бегалци потсетуваат на драма која неговото семејство ја преживувало за време на прогонот пред шест децении за време на Корејската војна, и предупреди дека прашањето на сириските бегалци не треба да се гледа исклучиво низ призмата на бројот на бегалците.
"Турција, Јордан и Либан, кон сириските бегалци покажаа големо гостопримство. Овие земји во сириското соседство го исполнија својот капацитет. Здравствените, образовните и други јавни капацитети во овие земји станаа недоволни за да се решат сите потреби на сириските бегалци", рече Бан.
Потсетувајќи дека во земјите кои се граничат со Сирија се наоѓаат 4,8 милиони сириски бегалци, Бан рече дека светот мора да покаже колективна одговорност и дека е потребно да се излезе од овие земји итно да се преселат 480.000 бегалци.
И комесарот на УНХЦР Филипо Гранди предупреди дека кризата на бегалците во светот не може да се реши со затворање на границите и градење ѕидови на границите, но потребно е хумано и праведно решение за овој проблем.