Ali Cura
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, соопшти дека на 19 ноември рускиот претседател, Владимир Путин, ќе допатува во Турција за да учествува на церемонијата по повод завршувањето на проектот за поставувањето на гасоводот по морски пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Ушаков за рускиот весник „Известија“ („Известия“) изјави дека Путин на 19 ноември пристигнува во Истанбул за да учествува на церемонијата, на која ќе учествува и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Гасоводот „Турски тек“ ќе го транспортира рускиот гас во Турција, а од Турција во Европа. „Турски тек“ се состои од две линии, од кои секоја одделно има годишен капацитет на транспорт на гас од 15,75 милијарди кубни метри.
Се проценува дека втората линија на проектот би требало да испорачува гас преку Грција кон Италија или преку Бугарија кон Србија. Се планира идната година да започнaт работите на копнениот дел на втората линија.
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, претходно имаше изјавено дека на 1 октомври 2020 година можно е започнување на проектот за испорака на 31,5 милијарди кубни метри гас низ двете линии на гасоводот.