Nilay Kar
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ХЕРАТ (АА) - Авганистанските безбедносни сили ја презедоа контролата врз училиште на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Безбедносните сили го презедоа училиштето Херат, лоцирано во западниот дел на земјата и покрај спротивставувањата од страна некои студенти“, вели авганистански локален официјален претставник.
Зборувајќи за АА, портпаролот на гувернерот на Херат, Џејлани Фархад, изјави дека операцијата била спроведена со цел да го предаде училиштето прво на авганистанските власти, а подоцна и на турската фондација „Маариф“.
„Училиштето беше предадено на фондацијата „Маариф“ во рамките на образовниот договор меѓу двете земји“, изјави директорот на Фондацијата, Муџиб Улудаг.
Турција ја основа фондацијата „Маариф“ во 2016 година по неуспешниот обид за пуч, за да ја преземе администрацијата на училиштата во странство поврзани со ФЕТО. Фондацијата, исто така, во странство има основано училишта и едукациски центри.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
Директорот на Фондацијата изјави дека Фондацијата презела контрола врз уште две училишта и два студентски домови во северната покраина Џаузџан.
„Нека никој не се грижи во врска со ова. Ќе ги едуцираме нашите авганистански браќа со многу поквалификуван и помодерен едукациски систем“, додаде турскиот официјален претставник.