МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес истакна дека се согласува со изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, дека извојувале победа над терористичката организација ДЕАШ во Сирија, но рече дека не видел никакви знаци за изјавата во однос на повлекувањето на американските сили од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На годишната прес-конференција во Москва, прва голема прес-конференција на Путин откако беше повторно избран за претседател по четврти пат, даде проценка на главните настани на глобално ниво од 2018 година.
Путин истакнувајќи дека се одземени значителни територии од терористите во Сирија, Путин изјави „Генерално се согласувам со коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека извојувал победа против ДЕАШ во Сирија. Но станува збор за постоењето опасност овие терористички организации да продрат во Авганистан и во околните земји. Постои и ризик тие да се вратат во сопствените земји. Тоа пак, од своја страна претставува опасност за САД, Русија, Европа и за Блискиот Исток.“
- „Не се забележани никакви знаци на повлекување“ -
Путин за изјавата во врска со повлекувањето на САД од Сирија рече дека сѐ уште не разбрал што значи тоа. „Во моментов нема никакви знаци на повлекување. Пред многу години имаа изјавено дека ќе се повлечат и од Авганистан, но сѐ уште се таму“, истакна тој.
- „Присуството на САД во Сирија беше незаконско“ -
Велејќи дека продолжува процесот насочен кон политичко решение на ситуацијата во Сирија, Путин го даде следниот коментар: „Присуството на САД во Сирија беше незаконско. Во согласност со одлуката што ја донесовме заедно со Турција, Германија и Франција на Самитот во Истанбул, како Русија правиме сѐ што е во наша моќ за формирање на сирискиот уставен комитет.“
Рускиот претседател истакна дека моменталната ситуација во светот, која се карактеризира со зголемени воени тензии, може да доведе до нуклеарна војна која ќе ја уништи планетата.
„Светот ја потценува сериозноста на можниот развој на моменталните настани“, предупреди Путин.
„Повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Договорот за антибалистички проектили и нивната намера да го напуштат Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF), кои претставуваат столбови на контролниот систем за меѓународно оружје, го намалуваат прагот за примена на нуклеарното оружје, што за возврат може да предизвика глобална нуклеарна катастрофа“, рече Путин.
Тој додаде дека се надева дека човештвото ќе има доволно здрав разум да не се доведе до крајната точка.
news_share_descriptionsubscription_contact
