Hatice Vildan Topaloğlu
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Челникот на НАТО изрази загриженост поради состојбата во турската погранична покраина Килис, која што беше мета на неколку ракетирања од страна на ДАЕШ од сириска територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение, денес, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази „солидарност со Турција“ во контекст на нападите.
„Загрижен сум поради влошената ситуација во Килис и ракетирањето вршено од страна на ДАЕШ, кое директно влијае врз безбедноста на Турција“, истакна Столтенберг.
„Изразувам длабоко жалење за загубените животи на турски граѓани во Килис, и му изразувам сочуство на турскиот народ како и на семејствата на загинатите“, вели тој.
„НАТО солидаризира со Турција. Алијансата презеде мерки за зајакнување на безбедноста на Турција и ќе продолжи со тоа сè додека е потребно“, додава во соопштението.
Килис е сместен на шест километри оддалеченост од сириската граница.
Само во покраината Килис, според изјавата на локалниот гувернер, животот го загубиле 20 лица а скоро 70 се повредени како резултат на проектилите кои се испалуваат кон турска територија од почетокот на оваа година.
Според изјавата на турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, во говорот на 2-ри мај на состанокот во Кабинетот на претседателот Ердоган, најмалку 55 ракети се паднати во Килис а испалени се од страна на ДАЕШ во Сирија.
Турската армија за возврат спорадично ги гранатира позициите на ДАЕШ во Сирија.