Almir Terzic
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Осуммесечното претседателствување на Драган Човиќ со Претседателството на БиХ завршува во четврток, а во согласност со редовната ротација таа улога ќе ја преземе членот на Претседателството Бакир Изетбеговиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Три клучни настани, предавање на барањето за членство во ЕУ, возвратна посета на Светиот Отец во Ватикан и обраќање на 70-то Генерално собрание на ОН во Њујорк, го одбележаа осуммесечното претседателствување на Драган човиќ со Претседателството на БиХ.
Под претседателство на Човиќ одржана е 31-та седница на Претседателството на БиХ. Човиќ се состана со 28 светски носители на должности во БиХ, одржа 129 состаноци со официјални лица на Европската унија и дипломати од целиот свет, престојуваше во 35 официјални посети надвор од БиХ. Во изминатиот период одржа 47 состаноци со верски официјални лица, 53 пати се сретна со претставниците на медиумите а 496 граѓани прими во својот Кабинет како претседавач.