Ekipa
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Неколку стотици лица ја поддржаа кандидатурата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за претседател, по што изборната администрација ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе му биде дозволено да се кандидира, јавува Anadolu Agency (AA).
На Навални, најголемиот опонент на рускиот претседател Владимир Путин за време на сите 18 години од неговото владеење, претходно му беше забрането кандидирањето поради кривичната пресуда во врска со случај кој тој го смета за политички мотивиран. Се смета дека тој би можел да се кандидира доколку добие посебна дозвола и доколку пресудата му биде укината.
Околу 800 поддржувачи на Навални се собраа на денешниот состанок за да му упатат поддршка. Заедничката номинација би требало да биде доставена до изборните власти, кои потоа ќе донесат одлука за тоа дали тој може да се кандидира.
Кампањата која ја води Навални ги покрена лицата и во најоддалечените делови на Русија. Но, актуелниот претседател, Владимир Путин, според истражувањата има поддршка од 80 отсто од гласачите и тоа го прави сигурен победник на изборите во март наредната година.