Elvir Hocic
24 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ТЕЛ АВИВ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес најави дека Израел до крајот на оваа година ќе излезе од УНЕСКО, Организицијата на ОН за образование, наука и култура, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху на денешната седница на Советот на министри на Израел потврди дека и понатаму стои зад септемвриската одлука за истапување од УНЕСКО.
„Министерството за надворешни работи нареди пред Нова година да се упати писмо за излез на Израел од УНЕСКО. Тоа е потег кој е потребен во светло на пристрасниот и апсурден пристап на таа организација кон Израел, како и во светло на ставовите на САД кои ние ги поздравуваме“, вели Нетанјаху.
И американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави излез на САД од таа агенција на ОН, обвинувајќи ја за антиизраелска пристрасност.
Официјален Вашингтон на почетокот на мај оваа година ја соопшти намерата да го преиспита својот однос кон УНЕСКО по одлуката на тоа тело стариот град Хеброн, на Западниот Брег, да го прогласи за палестинско богатство на листата на светско наследство.