Meryem Göktaş
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Билансот на загинати во пожарот Камп во сојузната американска држава Калифорнија се искачи на 79 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на округот Бат, Кори Хорнеа, преку Твитер соопшти дека за исчезнати во пожарот се водат најмалку 699 лица, и дека уништени се речиси над 12.000 градби.
Илјадници пожарникари се борат да го запрат огнот кој се прошири на површина од 611 километри квадратни.
Во меѓувреме, пожарот во јужна Калифорнија продолжува да се разгорува.
Најмалку 3 лица загинаа и речиси 450 куќи изгореа во пожарот во јужниот дел на државата.